Македонски - 3МакедонскиБроевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да серазликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производотможе да се променат без претходно известување.Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни заовој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.Функции на вашиот нов телевизор• SMART HUB:Овој телевизор се одликува со Smart Hub - семеен центар за повеќенаменска забава. Со SmartHub, корисниците можат да пребаруваат на интернет, да преземаат апликации и да бидат воконтакт со семејството и пријателите преку социјални мрежни услуги. Покрај тоа, ќе можетеда уживате во фотографии, видео записи и музика која е складирана во надворешен уред заскладирање.™ Притиснете за активирање на Smart Hub. Изберете услуга со помош на иконите кои сеприкажани во горниот дел од екранот.Социјални: Гледајте ги најновите видео записи на YouTube, како видео записите кои вие иливашите пријатели сте ги објавиле на Facebook и Twitter. Исто така, може да воспоставуватевидео повици со пријателите доколку поврзете камера на телевизорот (се продава одделно).Апликации: Преземање и инсталирање на апликации како WebBrowser.Филмови и ТВ-серии: Купете и гледајте филмови и серии без да користите посебеннадворешен уред. (во зависност од земјата)Фотографии, видеа и музика: Репродукција на фотографии, видео записи и музика однадворешен уред за складирање.• Anynet+ (HDMI-CEC): Оваа функција овозможува контрола на сите поврзани уреди од Samsungкои поддржуваат Anynet+ со далечинскиот управувач од вашиот телевизор од Samsung.• e-Manual: Нуди детален прирачник за користење на екранот, кој е вграден во вашиоттелевизор. (страница 9)• Управ. на уреди: Користете ги функциите на телевизорот со помош на USB тастатура и глувче.• Рефлексија на екраните: Прикажува екрани од мобилни уреди кои се безжично поврзани сотелевизорот.Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема)(се однесува на државите со одделни системи за отстранување на отпадоци)Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр.полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниотвек. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете гиовие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите.Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоакаде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање.Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овојпроизвод и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.Правилно отстранување на батериите од овој производ(се однесува на државите со одделни системи за отстранување на отпадоци)Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно соостанатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријатасодржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овиесупстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето.За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови наотпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.[UF5500-XH]BN68-04825S-03L16.indb 3 2013-11-14 2:51:36