329МакедонскиМојот вентилатор не може да се вклучиили исклучи.Ако апаратот не може да се вклучи, проверете далиприклучокот за напојување е правилно приклучен илипробајте да го приклучите во друг штекер.Ако апаратот сè уште не работи, контактирајте соцентарот за корисничка поддршка во вашата земја.Мојот вентилатор не произведувадоволно количество воздух или е многуслаб.Проверете дали апаратот е поставен на најголема брзинана вентилаторот за максимална циркулација на воздухот.Почекајте апаратот да го циркулира целиот воздух вопросторијата, тоа може да потрае неколку минути.Уверете се дека сите решетки за влез и излез на воздух несе блокирани.Вентилаторот испушта необиченмирис/мирис на изгорено.При првите неколку употреби, апаратот може да испуштамирис на пластика. Тоа е нормално кај нов апарат.Меѓутоа, ако апаратот испушта мирис на изгорено,исклучете го апаратот и веднаш извлечете гоприклучокот од штекер, а потоа контактирајте соцентарот за корисничка поддршка во вашата земја.Вентилаторот е премногу гласен. Колку е поголема поставката за брзина на вентилаторотна апаратот, толку ќе биде посилна бучавата. Поставетепомала брзина на вентилаторот за да се намалибучавата.Ако нешто падне во отворот за излез на воздух, тоа истотака може да предизвика невообичаено гласен звук.Веднаш исклучете го апаратот и извадете гинадворешните предмети од него.Ако се слуша необичен звук, контактирајте со центарот закорисничка поддршка во вашата земја.Мојот апарат е гласен во Режимот намирување.За да ги оптимизира перформансите на ладење воРежимот на мирување, вентилаторот работи со поголемабрзина во првите 30 минути и постепено ја намалувабрзината. Следствено се намалува и бучавата. Можете даизберете и најмала брзина на вентилаторот за постојанпроток на воздух и пониско ниво на звук.Основата на вентилаторот се мрда иливибрира.Проверете дали апаратот е поставен на рамен под илирамна површина.Проверете дали има надворешни предмети подапаратот.Проверете дали основата на апаратот е правилнопоставена.Погледнете го поглавјето „Склопување на вентилаторот“.Поставувањето на Wi-Fi е неуспешно. Ако рутерот со кој е поврзан апаратот е двопојасен и вомоментот не се поврзува на мрежа од 2,4 GHz, променетего фреквенцискиот појас на рутерот (2,4 GHz) и обидетесе повторно да го впарите апаратот. Не се поддржанимрежи од 5 GHz.