110 МАКЕДОНСКИМАКЕДОНСКИ (Оригинални упатства)ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ• За корисниците во Европа:овој уред може да се користи од страна на деца на возраст од 8 години или постари и лица со намаленифизички или ментални капацитети или без доволно искуство и познавање ако се под надзор во врска сокористењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените ризици. Децата не смеат да си играатсо уредот. Чистењето и одржувањето од корисникот не смеат да се вршат од страна на деца без надзор.• За корисниците во други области освен Европа:овој уред не е наменет за да го користат лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилниили ментални способности или лица без искуство и знаење, освен ако не ги надгледува или неим дава упатства за користење лице што е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да сепод надзор за да се осигури дека нема да си играат со уредот.• Погледнете го поглавјето „ОДРЖУВАЊЕ“ за соодветни детали за мерките на претпазливост завреме на одржувањето од корисникот.• Ако уредот не се користи внимателно, може да дојде до пожар, затоа— бидете внимателни кога ќе го користите уредот на места каде што има запаливи материјали;— не употребувајте на истото место долго време;— не користете ги во присуство на експлозивна атмосфера;— внимавајте дека топлината може да се пренесе на запаливите материјали што се надвор од видното поле;— по употребата, поставете го уредот на неговиот штанд и дозволете да се излади пред складирање;— не оставајте го уредот без надзор кога е вклучен.Овој уред работи на батерии. Касетата за батерија се полни додека е извадена од уредот.• Погледнете го поглавјето „СПЕЦИФИКАЦИИ“ за референца на типот на батеријата.• Погледнете го делот „Монтирање или отстранување на касетата за батеријата“ за начинот наотстранување или монтирање на батеријата.• Кога ја фрлате во отпад касетата за батеријата, извадете ја од уредот и фрлете ја на безбедно место.Почитувајте ги локалните законски прописи што се однесуваат на фрлање на батеријата во отпад.• Доколку уредот не се користи подолг временски период, батеријата мора да се извади од уредот.• Не предизвикувајте спој на касетата за батеријата.СПЕЦИФИКАЦИИМодел: DHG180 DHG181Номинален напон D.C. 18 VТемпература 550 °C Амбиентална температура - 550 °CВолумен на воздухот 200 л/мин. 1: 120 л/мин.2: 200 л/мин.Димензии (Д x Ш x В)со BL1860B168 мм x 79 мм x 251 мм 173 мм x 79 мм x 255 ммНето тежина 1,0 - 1,3 кг 1,0 - 1,4 кг• Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.• Спецификациите и касетата за батеријата може да се разликуваат од држава до држава.• Тежината може да се разликува во зависност од додатоците, вклучувајќи ја и касетата за батерија. Најлесната и најтешкатакомбинација, согласно процедурата на ЕПТА 01/2014 (Европската асоцијација за електрични алати), се прикажани во табелата.Применлива касета за батерија и полначКасета за батерија BL1815N / BL1820B / BL1830B / BL1840B / BL1850B / BL1860BПолнач DC18RC / DC18RD / DC18RE / DC18SD / DC18SE / DC18SF /DC18SH• Некои од касетите за батерии и полначите наведени погоре може да не се достапни зависно од регионот во кој живеете.ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ги само касетите за батерии и полначите наведени погоре.Користењето какви било поинакви касети за батерии и полначи може да создаде ризик од повреда и/или пожар.