Македонски - 17МакедонскиПрикажување на далечинскиот управувач на екранот (виртуелендалечински управувач)Притиснете го копчето KEYPAD за да се прикаже виртуелниот далечински управувач на екранот. Виртуелниот далечинскиуправувач овозможува лесно да внесување цифри, контролирање содржини и користење копчиња на телевизорот.- Копчињата на виртуелниот далечински управувач можат да бидат различни во зависност од тековниот статус на телевизорот.Контролирање на надворешни уреди содалечинскиот управувач на телевизорот (Поставкина универзално далечинско)Систем > Поставки на универзално далечинско- Достапноста зависи од специфичниот модел и областа.Функцијата за универзалниот далечински управувач ви овозможува да контролирате кабелски приемници, Blu-ray плеери,домашни кина и други надворешни уреди кои се поврзани на телевизорот преку далечинскиот управувач на телевизорот. Зада можете да го користите далечинскиот управувач на телевизорот како универзален далечински управувач, прво мора да гоповрзете IR продолжителниот кабел (испорачан).- Исто така, можете да ја користите функцијата Anynet+ (HDMI-CEC) за да ракувате со некои надворешни уреди од Samsungсо помош далечинскиот управувач на вашиот телевизор, без дополнително поставување. За повеќе информации,погледнете во e-Manual.- Одредени надворешни уреди кои се поврзани со телевизорот може да на ја поддржуваат функцијата за универзалендалечински управувач.Поставување на универзалниот далечински управувачПоврзете го IR продолжителниот кабел со излезниот IR приклучок на телевизорот како што е прикажано на сликата и поставетего другиот крај од кабелот со предавател на растојание до 10 cm од приемникот на надворешниот уред завртен во насокана приемникот за далечинскиот управувач. Меѓутоа, помеѓу IR продолжителниот кабел и надворешниот уред не смее да имапречки. Пречките ќе го попречуваат пренесувањето на сигналот за далечинско управување.- Ако користите надворешен уред кој е регистриран со универзалниот далечински управувач на Samsung Smart Control, тојнадворешен уред можете да го користите без да поврзувате IR продолжителен кабел. Меѓутоа, ако сакате да користитенадворешен уред со функцијата Контрола со глас, не заборавајте да го поврзете IR продолжителниот кабел.10 cmКонтролирање на надворешни уреди со далечинскиот управувачна телевизорот1. Вклучете го надворешниот уред за кој треба да ја поставите функцијата за универзален далечински управувач и отворете гоекранот на функцијата Извор.2. Изберете Поставки на универзално далечинско од горниот дел на екранот. Со тоа ќе ја започнете постапката запоставување на универзалниот далечински управувач.3. Следете ги инструкциите на екранот и регистрирајте го надворешниот уред.