МК-177.12 КАБЛИУверете се дека каблите нема да бидат изложени на оштетување, корозија, прекумерен притисок,вибрации, остри рабови и други негативни ефекти од околината. Проверката исто така треба даги земе во предвид ефектите од стареењето или постојаното вибрирање од изворите како на пр.,компресорите или вентилаторите.7.13 ДЕТЕКЦИЈА НА ЗАПАЛИВИ СРЕДСТВА ЗА ЛАДЕЊЕИзворите за палење под никакви околности не смее да се користат за детекција на протекувањана средството за ладење. Не смее да се користи апарат за автогено заварување или кој било другдетектор што користи отворен пламен.7.14 МЕТОДИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ПРОТЕКУВАЊЕСледниве методи за детекција на протекувањето се сметаат како прифатливи за системи што содржатзапаливи средства за ладење.Електронските детектори на протекување ќе се користат за откривање запаливи средства за ладење,но осетливоста можеби не е соодветна или можеби е потребна повторна калибрација. (Опремата задетекција се калибрира во простор без средства за ладење.) Уверете се дека детекторот не е моженизвор на палење и дека е соодветен за средството за ладење. Опремата за детекција на протекувањеќе се постави на процент од долната граница на запаливост на средството за ладење и ќе секалибрира со употребеното средство за да се потврди соодветниот процент на гас (максимум од 25%).Течностите за детекција на протекување се соодветни за употреба со повеќето средства за ладење,но употребата на детергенти што содржат хлор треба да се избегнува бидејќи хлорот може да реагирасо средството за ладење и да ги кородира бакарните цевки. Ако се сомневате во протекување,отстранете ги или изгаснете ги сите отворени пламени. Ако е пронајдено протекување на средствотоза ладење за кое е потребно лемење, сето средство за ладење ќе се собере од системот или ќе сеизолира (со вентилите за затворање) во дел од системот оддалечен од протекувањето. Азот безкислород ќе се спроведе низ системот пред и по лемењето.7.15 ОТСТРАНУВАЊЕ И ИСПУШТАЊЕПри влегувањето во колото за ладење за да извршите поправки или од некоја друга причина,користете ги конвенционалните постапки. Меѓутоа, важно е да се следи најдобрата практика, имајќи јапредвид запаливоста. Треба да се придржувате до следнава постапка:отстранете го средството за ладење;прочистете го колото со инертен гас;испуштете го;прочистете повторно со инертен гас;отворете го колото со сечење или лемење.Наполнетото средство за ладење ќе се собере во правилните цилиндри за враќање. Системот ќе сепрочисти со азот без кислород заради безбедност на единицата. Процесот можеби ќе треба да сеповтори неколку пати.За задачата нема да се користи компресиран воздух или кислород.Прочистувањето се врши со прекинување на вакуумот во системот со азот без кислород и сопродолжување на пополнувањето сè додека не се постигне работниот притисок, потоа испуштање воатмосферата и на крај постигнување вакуум. Процесот ќе се повторува сè додека има средство заладење во системот.Откако ќе се употреби последното полнење на азот без кислород, притисокот во системот ќе сенамали до атмосферскиот притисок за да се овозможи започнување со работа. Операцијата е одособено значење доколку треба да се врши лемење на цевките. Уверете се дека излезот за вакуумпумпата не е во близина на извори на палење и дека има достапна вентилација.7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ