МК-18MK7.16 ПОСТАПКИ ЗА ПОЛНЕЊЕПокрај конвенционалните постапки за полнење, треба да се следат и следниве барања:Уверете се дека не се случува загадувањето на различните средства за ладење при употребата наопремата за полнење. Цревата или линиите треба да бидат што е можно пократки за да се намаликоличеството на средство за ладење содржано во нив.Цилиндрите треба да се чуваат исправено.Уверете се дека системот за ладење е заземјен пред да го наполните со средство за ладење.Ставете етикета на системот кога ќе завршите со полнењето (ако нема од претходно).Посветете особено внимание да не го преполните системот за ладење.Пред повторното полнење на системот, извршете тестирање на притисокот со азот без кислород.Системот мора да се тестира за протекување по завршувањето со полнењето, но пред ставањетово употреба. Следен тест за протекување7.17 ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД УПОТРЕБАПред извршување на постапката, од суштинско значење е техничарот целосно да ја познава опрематаи сите нејзини детали. Како добра практика се препорачува безбедно враќање на сите средства заладење. Пред спроведувањето на задачата, се зема примерок од маслото и средството за ладење.Потребна е анализа на примерокот пред повторната употреба на вратеното средство за ладење.Пред почетокот на задачата, важно е да има достапно електрично напојување.а) Запознајте се со опремата и работењето.б) Изолирајте го системот електричнов) Пред да ја пробате постапката, уверете се дека:на располагање имате механичка опрема за ракување; ако е потребно, за ракување социлиндри за ладење;на располагање е сета опрема за лична заштита и истата правилно се користи;постапката за враќање цело време ја надгледува стручно лице;опремата за враќање и цилиндрите се во согласност со соодветните стандарди.г) Испумпајте го системот за ладење, ако е можно.д) Ако вакуум не е можен, направете колектор за средството за ладење да може да се отстрани одразлични делови од системот.ѓ) Проверете дали цилиндарот е сместен на вага пред да започнете со враќањето.е) Вклучете ја машината за враќање и ракувајте со неа во согласност со упатствата напроизводителот.ж) Не преполнувајте ги цилиндрите. (Не надминувајте 80% од волуменот со течно полнење).з) Не надминувајте го максималниот работен притисок на цилиндарот, дури и ако е привремено.ѕ) Откако цилиндрите правилно ќе се наполнат и процесот ќе заврши, погрижете се цилиндрите иопремата навремено да се отстранат од локацијата, а сите вентили за изолација на опремата да сезатворат.и) Вратеното средство за ладење нема да се полни во друг систем за ладење освен ако не еисчистено и проверено .7.18 ЕТИКЕТИРАЊЕОпремата треба да има етикета на којашто е наведено дека е повлечена од употреба и декасредството за ладење е испразнето. Етикетата треба да има датум и потпис. Проверете дали имаетикети на опремата на коишто е наведено дека опремата содржи запаливо средство за ладење.7. ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ