107– Вметнете ја жицата низ окцата за да излезе од куќиштето.Монтирајте ги шајбната, пружината и намотката во куќиштето.– Порамнете ги куките на капакот и куќиштето.Потоа турнете го капакот цврсто врз куќиштето за да го прицврстите.Упатства за сервисирањеВНИМАНИЕ: Пред да пристапите кон изведување какви било работи заодржување на косилката, секогаш исклучувајте го моторот иоткачувајте ја спојката од свеќичката (видете „проверка насвеќичката“).Секогаш носете заштитни ракавици.ВНИМАНИЕ: Никогаш сами не отстранувајте го рачниот стартер. Воспротивно може да дојде до незгода. Оваа процедура требаисклучиво да се изврши од страна на овластен сервисенагент.За да се осигура долг работен век и за да се избегнат какви било оштетувања на опремата, редовно извршувајте ги следниве операцииза одржување.Дневни проверки и одржување– Пред да започнете со работа, проверете дали на опремата има олабавени завртки или делови што недостигаат. Обрнете особеновнимание на прицврстеноста на сечилото или главата за сечење со најлон.– Пред да започнете со работа, секогаш проверувајте и осигурувајте се дека каналот за проток на воздух и отворите за вентилација нацилиндарот не се затнати.Исчистете ги ако е потребно.– Следниве операции за одржување извршувајте ги секојдневно по употребата:• Исчистете ја надворешноста на косилката и проверете дали има оштетувања.• Исчистете го филтерот за воздух. Кога работите во многу прашливи услови, чистете го филтерот неколку пати на ден.• Проверете дали има оштетувања на сечилото или главата за сечење со најлон, и осигурете се дека е добро монтирано.• Проверете дали има доволна разлика помеѓу брзината во празен од и работната брзина за да се осигурате дека алатот за сечење ево запрена положба кога моторот е во празен од (ако е потребно, намалете ја брзината во празен од).Ако алатот за сечење продолжува да врти кога е во празен од, побарајте помош од најблискиот овластен сервисен агент.– Проверете дали функционираат прекинувачот I-Stop (on/off)/Start-Stop, рачката за заклучување, контролната рачка и копчето зазаклучување.Исчистете го прочистувачот на воздухот (филтерот)– Свретете ја рачката за саух (4) на целосно затворената страна, иодржувајте го карбураторот чист од прашина или нечистотии.– Извадете ја завртката (1).– Извадете го капакот на прочистувачот на воздухот (3).– Извадете го сунѓерестиот елемент (2), измијте го со млака вода иисушете го целосно.– По чистењето, повторно поставете го капакот на прочистувачот на воздух(3) и прицврстете го со завртката (1).НАПОМЕНА: Ако има прекумерни количини прашина залепена запрочистувачот на воздух, чистете го секојдневно. Затнатиотпрочистувач на воздух може да го направи стартувањето намоторот тешко или невозможно, или да го направизголемувањето на брзината на вртење на моторот тешко илиневозможно.Упатства за сервисирањеОкцеКапакКукаОкцеКука(1)(2)(3)(4)Ташев-Галвинг ООДwww.tashev-galving.com